Манчевски: Политиката поставува директори, еден ме прогласи за проблем на Македонија

by fokus

Режисерот Милчо Манчевски во денешното гостување на ТВ 24 рече дека во Македонија политиката ги поставува директорите, а потоа тие директори одлучуваат кој и како ќе работи.

-Секој кој остварил резултат или ветил дека ќе оствари треба да биде поддржан. Прашањето е како ќе се реализира вложувањето во уметноста. Сметам дека после година две треба да се видат и резултатите и да се оди во тој поглед точка по точка. Бидејќи тема на разговорот се парите, никогаш не ги гледаме резултатите. Од петте филма кои ги работев, а учествуваше Македонија, тие земале учество со 30%, додека останатите средства се од странски приливи. Во „Пред дождот“ учествуваше Македонија со 7%. Во тој поглед, и следниот филм ќе има спонзорство и прилив на средства од странство повторно. Политиката поставува директори, а директорите одлучуваат кој и како ќе работи. Претходниот директор на Агенцијата за филм, посочи дека Манчевски не е негов проблем, туку проблем на Македонија и оттаму никој не се огради од ваквиот став. Владата и покрај тоа што му истече мандатот не го разреши, настрана што тој доби кривични пријави од доста страни, како и дипломатска нота од Хрватска, и тука е очигледна таа врска помеѓу политиката и културата, истакна Манчевски.

Поврзани новости