Исјановски: Министерството да излезе со соопштение за вакцинирањето на хронично болните

by fokus 20:16
20:16

Директорот на Здравствен дом Скопје, доктор Виктор Исјановски во вечерашното гостување на телевизија Телма му препорача на Министерството за здравство да излезе со соопштение каков е и дали има одреден ризик за вакцинирање на луѓе со одредени хронични болести.

-Во договор со Министерството за здравство, најголемиот товар ќе го земе Здравствениот дом Скопје,во поглед на процесот на имунизација, кој ќе стартува со вакцинацијата во среда со здравствените работници. Поликлиниките ќе работат од 8 до 20 часот за вакцинација. Во однос на вакцинирање на граѓани со хронични болести, Министерството треба да излезе со соопштение, затоа што вакцините секаде се исти. Да им се пренесат на граѓаните искуствата дали преку соопштение или на сајтот. Дали претставува ризик вакцинирањето на одредени хронично болни граѓани, рече Исјановски.

- Advertisements -

Поврзани новости