Крмов: Со етничката определба во личните карти се разбива македонската нација

by Фокус

СДСМ и ДПМНЕ работат за албанските партии со цел внесување на етничката определба во личните карти, што води кон сведување на Македонија на обична територија, составена од етникуми, а со тоа се разбива македонската нација, смета Борислав Крмов, пратеник на Левица, која со над илјада амандмани се обидува да го блокира законското решение.

-Етничка и национална припадност се два различни термини. Националната припадност се одредува според државјанството на лицето. Токму поради ова, не смее да се воведе „етничка припадност“ во личните документи, бидејќи во тој случај, Македонија, ќе стане администрирана територија на етникуми, без државоносечки национален елемент – изјави Крмов на Канал 5.

 

Поврзани новости