Малолетник на тротинет тешко повреди старец на велосипедска патека

by irena 13:38
13:38

МВР информира дека во неделата во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични вести