Во Гостивар е уапсен 11-годишник од Куманово – крадел од продавница

by irena 13:53
13:53

МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 11 – годишник од Куманово.

Тој се сомничи дека околу 10:45 часот одзел повеќе производи од продажен објект во Гостивар.

Кај него биле пронајдени предметите и вратени на сопственикот.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести