Максим Димитриевски поседува 11 парчиња оружје!

Со неговото име директно се поврзуваат 2 фирми во земјава, од кои едната е одамна ликвидирана, а за другата се води стечајна постапка - и двете имале незначителен обрт пред да пропаднат. Воедно, тој поседува удел и во компанија во Бугарија, која е неактивна на пазарот, додека неговата сопруга е косопственик на домашно друштво, кое пак работи со загуби. Притоа, семејното имотно досие го сочинуваат и недвижности, но и оружје...

by vlatko 16:07
16:07

Освен удели во компании, недвижен имот, накит, кумановскиот градоначалник и лидер на владејачката ЗНАМ, Максим Димитриевски, во анкетниот лист до Државната комисија за спречување на корупција пријавил дека поседува и дозвола за оружје.

Воедно, тој навел дека лично поседува 11 парчиња на оружје, без да наведе за каков вид и тип на оружје станува збор. Сепак, напишана е нивната вредност, така што најевтиното парче оружје е 12 илјади денари, а најскапото 60 илјади денари, додека сите заедно вредат 434 илјади денари.

Откако Димитриевски јавно порача дека не живее од функционерската плата, туку, како што рече, од 1998 година се занимавал со бизнис, работел во странство, инвестирал и реинвеститал, извршивме проверки кои фирми ги поседувал, но и каков имот стекнал, пред сè додека ја извршувал градоначалничката функција?

Па, така, според податоците што ги обезбеди „Фокус“, со неговото име директно се поврзуваат 2 фирми во земјава, од кои едната е одамна ликвидирана, а за другата се води стечајна постапка – и двете имале незначителен обрт пред да пропаднат.

Патем, како што неодамна пишувавме, тој поседува удел и во компанија во Бугарија, која е неактивна на пазарот, додека неговата сопруга е косопственик на домашно друштво, кое работи со континуирани загуби.

Покрај тоа, семејното имотно досие го сочинуваат и недвижности – земјоделско земјиште, куќа, стан, потоа банкарски сметки за кои не навел сума, како и значителен арсенал на оружје.

Ако не од плата, од што живее Димитриевски: Фирмите му ределе загуби и згаснувале, пријавил недвижности од 92 илјади евра!

В.С.

Слични вести