Макрон му даде поддршка на Зеленски за украинскиот план за мир

by Фокус

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со својот украински колега Володимир Зеленски изјави дека ќе го поддржи неговиот мировен план „на меѓународната сцена“.

„Макрон ја потврди својата посветеност на мировниот план од десет точки предложен од претседателот Зеленски и го увери дека ќе ја поддржи оваа иницијатива на меѓународната сцена за време на идните дипломатски настани“, соопшти Елисејската палата.

Зеленски на Твитер го пофали „продолжувањето на пријателскиот дијалог“ со Макрон и потврди дека разговарале за „спроведување на мировниот план“.

Овој телефонски разговор се случи по интервјуто што францускиот претседател го даде за Журнал ду Диманш, Фигаро и Франс Интер, во кое рече дека го посакува „поразот“ на Москва во Украина, но предупреди на оние кои „прво и основно сакаат да ја згази Русија“.

Поврзани новости