Македонските одбојкари ја совладаа Црна Гора, на повидок е осминафинале

by Фокус

Македонските одбојкари денес испишаа нова историја откако ја победија Црна Гора со 3:0 (25:22, 25:18, 25:20), со што речиси и го обезбедија пласманот во осминафиналето.

Иако бевме одлични и против Данска, вечерва гледавме уште подобра Македонија, покажувајќи доминација од почетокот до крајот на натпреварот.

За Македонија ова беше само четврта победа во нашето трето учество на европските првенства на кое сигурно ќе го имаме најдобриот пласман.

Поврзани новости