Македонски државјанин протеран од Италија поради врски со Исламската држава

by Fokus

Италијанските власти протерале еден македонски и еден албански државјанин од безбедносни причини поради поврзаност со Исламската држава.

Како што објави МИА, двајцата живееле во пристанишниот град Бари и подолг период биле следени од секторот за антитероризам. Според истрагата, двете лица, македонскот државјанин (36) и албанскиот (27), преку социјалните мрежи одржувале контакти со марокански државјанин, претходно уапсен за неговите ставови за Исламска држава.

Полицијата исто така ги документрала и контактите и разговорите што тие ги имале со други лица-екстремни имами уапсени во Косово за поврзаност со тероризам.

Поврзани новости