Македонската хуманост на дело, собрани дел од средствата за лекување на Викторија, потребни се уште околу 50.000 евра

by Fokus

Животната приказна на седум годишната Викторија Костадинова од Гевгелија ја обедини Македонија, и нашите граѓани кој знае по кој пат, кога станува збор за лекување, ја покажуваат својата хуманост.

Минатата седмица „Фокус” пишуваше за тешкиот период низ кој минува семејството Костадинови, откако пред четири месеци на Викторија и била поставена дијагноза – леукемија. Таа заедно со нејзината мајка Мери е на клиника во Скопје, а поради состојбата во која се наоѓа девојчето, семејството сака да го продолжи лекувањето, односно да биде извршена трансплантација на коскена срцевина на приватна клиника во Турција.

Искусен тим на лекари од таму го разгледале случајот и дале ветувачки прогнози. Лекувањето изнесува 70.000 евра, а семејството побара помош од хуманите граѓани, со цел што побргу да се собере потребната сума, и малата Викторија да замине во тамошната клиника.

-Акцијата има одзив, веќе се донирани околу 20.000 евра. Преблагодарни сме им на сите хумани луѓе кои ни излегоа во пресрет во овој тежок период, се надеваме дека додека да заврши терапијата која овде ја прима Викторија, и додека да дојде време да заминеме во Турција, средствата ќе се соберат. Покрај жиро сметката, отворени се и телефони за донации – изјави Мери, мајката на Викторија.

Првоодделенката го прослави и својот седми роденден на клиника во Скопје, а роденденска желба и било што побргу да оздрави и да си замине дома, за да си игра со својата сестричка. Сите кои се во можност, можат да донираат на следната сметка: Тиме Костадинов, 200 002238635444 Стопанска Банка Девизна сметка IBAN MK 07200003846593192 Или на следните телефонски броеви: А1 – 143 483 и Телеком – 143 145.

Вики Клинчарова

Поврзани новости