Македонската еврообврзница со камата од 5 проценти

by fokus

Македонија почнала на светските берзи да ја нуди новата еврообврзница со камата од 5 проценти, објави денеска агенцијата Ројтерс.

Според агенцијата, на инвеститорите им е понудена седумгодишна еврообрврзницата кој ќе биде издадена во евра. Се уште не се знае дали ќе биде во износ од 650 милиони евра или помалку.

Владата минатата недела ја издаде еврообврзницата со максимален износ од 650 милиони евра, а главни агенти се Сити груп, Дојче банк, Сосиете женерал и Ерсте банк.

Ова е петта еврообрзница што Македонија ќе ја издаде. Од почетокот на неделава најавени се посети на странски инвеститори во земјава.

Кредитниот рејтинг на Македонија е ББ- (стабилен) според Стандар и Пурс, додека Фич ја рангираше со оценка ББ+ (негативна).

Владата преку еврообврзници, за само две години се задолжила со 770 милиони евра. Заедно со оваа, вкупното задолжување без камата ќе изнесува една милијарда и 420 милиони евра, со што јавниот долг ќе достигне над 50 насто од БДП.

Поврзани новости