Европска комисија: Потребен е итен договор

by fokus

Европската комисија го поздрави напредокот на вчерашните преговори во Пржино и ги охрабрува партиите итно да најдат конечен договор.

“Ние го поздравуваме напредокот кој беше направен вчера во дискусиите и ги охрабруваме итно да постигнат договор за преостанатото прашање кој може да биде најден со непоходна добра волја од сите страни”, порача Комисијата преку соопштение.

Договор вчера не е постигнат само поради едно прашање, но ни Комисијата не открива за кое прашање се работи. Вчера новинарите инсистираа да им биде кажано кое прашање останува проблематично, но одговор не добија.

Вчера било договорено преодната влада да има мандат од 100 дена и би била функционална од август, доколку изборите бидат до крајот на годината.

Поврзани новости