Тачи смета дека одговорноста за политичката криза е во Владата

by Fokus

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи се сретна со амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели, со кого разговарал за актуелната политичка ситуација, меѓуетничките односи и за евроатланските интеграции на земјата, соопштија од ДПА.

Тачи го информирал амбасадорот Белели за погледот на ДПА во врска со тековната криза и за општата состојба во земјата, како и за опциите за излез од кризата.

– Претседателот Тачи оцени дека одговорноста за ситуација во земјата и за застојот на интеграциските процеси е во Владата на Република Македонија, нагласувајќи дека Албанците во Македонија не се откажуваат од патот кон интеграција во Европската Унија и во НАТО и дека во овој поглед Демократската партија на Албанците ќе продолжи да комуницира со сите релевантни чинители во земјата и во странство – информираат од ДПА.

Поврзани новости