Македонија со 3:1 ја победи Ерменија во Струмица

by Fokus

Сениорската фудбалската репрезентаци на Македонија попладнево во Струмица ја победи Ерменија во пријателски натпревар со 3-1.

Комбинираниот тим на селекторот Благоја Милевски тргна офанзивно уште од стартот.

Првиот гол беше дело на Александар Трајковски, по одличната акција на Елмас во 43 минута.

На вториот гол се чекаше до 58-та минута. По акцијата и обидот на Елмас кој ја погоди стативата, Милан Ристовски зголеми на 2:0.

Во самиот финиш, во 88.минута, повторно по акцијата на Елмас, со својот првенец во листата на стрелци се запиша дебинатот Ердон Даци кој зголеми на 3:0.

Во последниот удар на мечот, Спертсјан погоди за утешни 3:1 за Ерменците.

Следниот месец, нашата селекција ја очекуваат последните два натпревари во квалификациите за ЕП 2024-та.

На 17 ноември во Рим, Македонија ќе и гостува на Италија, а три дена подоцна (20 ноември) во Скопје, ќе ја пречека Англија.

Поврзани новости