Македонија пат“: Врнежи од снег надоаѓаат од север, да се вози внимателно

by Fokus

Поради интензивните врнежи од снег кој надоаѓа од север на учесниците во сообраќајот им се препорачува прилагодување на брзината кон условите на патиштата во зимски услови, апелираат од ЈП „Македонија пат“.

Потребно е особено внимателно управување на возилата на планинските премини.

Од УХМР најавуваат дека повремените врнежи поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот. Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, што во текот на денот ќе предизвика пад на температурата за неколку степени.

Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.  Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде околу 1 степен.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри, а најмногу  дожд до седум часот изутрина е регистриран во Охрид, Тетово, Претор, Пожаране, Крушево.

Минималните темпаратури изнесувале  нула степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврово и Лазарополе,  еден степен во Пожаране, два во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и Крушево,  четири во Охрид, Претор, Штип, Берово и Дебар…

Според УХМР, до вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има во западните, а во вторник во јужните делови. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време.

Поврзани новости