Директорот на Јавното претпријатие „Македонија пат”, Гајур Кадриу се жали дека критиките за нивната работа се неосновани и убедува дека нивните екипи со полн капацитет работеле на терен и „лавовски” се избориле со снегот.
-Главните патни правци беа исчистени и сѐ уште се чистат. Работиме во екстремни услови, и ниту еден патен правец не беше затворен за сообраќај, освен за тешки товарни возила. Дури и пунктот на Стража, кој е на надморска височина од 1.200 метри постојано е прооден.Тие што критикуваат дека не сме чистеле не со во право. Не може да очекувате црни коловози, во услови кога пак врне снег. Дури и на минусни температури работевме – вели Гајур Кадриу, а пренесе САКАМДАКАЖАМ.МК.
Инаку, освен „Македонија пат” ангажирани се и три фирми за чистење на патиштата кои добија 1,5 милиони евра. Во тек е и нов тендер од 1,1 милион евра за набавка на опрема за чистење на снег. Сепак, долгонајавуваниот снежен бран успеа да ги „парализира” главните патишта низ Македонија, а голем број села се уште се отсечени од светот.