Односите меѓу Србија и Косово до точка на вриење

by fokus

Растат тензиите меѓу Србија и Косово. Вербална војна започна викендов, откако воз обоен со српски знамиња и натписи „Косово е Србија”,  беше спречен да влезе во Косово.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, ги обвини етничките Албанци во Косово за обид да постават бомби на железничката пруга, и нареди возот да се врати во Белград.

Вучиќ најави дека ќе бидат преземени дополнителни мерки кон Косово, а српскиот претседател Томислав Николиќ го свика Советот за национална безбедност.  Николиќ нагласи дека Србија е подготвена да испрати и оружени сили во Косово доколку српското население во покраината е загрозено.

-Вчерашниот ден беше, иако се трудевме да не го прикажеме тоа, беше на ивица на судир со привремените институции од Приштина. Појавувањето на единицата РОСА беше знак дека албанците сакаат војна. Таа единица немаше да се извлече. Прашање е дали вие денеска би известувале за седницата на советот или за жртвите на фронтовите кои би се отвориле. – изјави претседателот на Србија, Томислав Николиќ

Претседателот на Косово пак, Хашим Тачи за запирањето на возот на линијата Белград -Северна Митровица, рече дека се надева, дека Србија извлекла поуки од својата провокација кога го испратила возот на Косово.

-Се надевам дека лекцијата е научена од оваа провокација. Добрите соседи не настапуваат со екстремистички проекти, туку со дијалог – порача Тачи.

Инаку, неколку илјади жители на Косовска Митровица денеска изглегоа на протест поради обидот на косовските власти, како што велат,  да ги заплашат Србите кои живеат во северниот дел на Косово и Метонајавите хија. По дека Србија ќе испрати војска, премиерот на Косово Иса Мустафа убедуваше дека Србите во Косово не се загрозени и дека немаат потреба на заштита од Белград.

Поврзани новости