Македонци на протест во САД: Трамп, аман спаси нѐ од Сорос

by fokus

Македонци од САД вчеравечер се собраа пред кулата на идниот американски претседател Доналд Трамп во Њујорк, барајќи помош за „десоросоизација” на Македонија.

Со транспаренти „ Трамп, на Македонија и е потребна помош, ве молиме заштитете не од Сорос” демонстрантите протестираа пред кулата на Трамп. Велат дека се против поддршката која досегашната американска администрација и амбасада во Скопје и ја дава на фондацијата на Џорџ Сорос и нејзините, како што велат, деструктивни политики.

Фотографиите што се споделуваат по социјалните мрежи предизвикаа лавина реакции во јавноста, особено онаа во која еден демонстрант носи одело на Кју Клукс Клан.

Поврзани новости