179
Фудбалската репрезентација на Македонија се враќа непоразена од гостувањето од Гент против Белгија, откако натпреварот заврши без голови (0:0).
Се редеа шанси пред голот на македонската репрезентација, но Столе Димитриевски со неколку фантастични интервенции го сочува голот.
Белгија имаше 25 удари кон нашиот гол, од кои 5 во рамките од голот, но сите ги одбрани Димитриевски.
Разликата во поседот на топката беше 78% наспроти 22% во корист на Белгија.
По 8 кола, Македонија е лидер со 12 бода, пред Белгија со 11 и Велс со 10, но со натпревар помалку.
Следува натпревар со Казахстан во Скопје, а потоа со Велс во ноември на гостински терен.