606
Гордана Кузмановска, претставник на Комисијата за заразни болести денеска информираше дека е започната постапка за набавка на маски и ракавици при евентуална појава на опасниот корона вирус затоа што како што порача, нема доволно количини.
„Државата е подготвена за корона вирусот, но количините на заштитна опрема се недоволни. Во процедура е постапка за дополнителна набавка на маски, ракавици, очила, заштитни мантили, се што треба. Препораките се јасни – треба да се избегнуваат контакти со луѓе кои имаат такви симптоми, да се мијат раце со сапун и вода“, порача Кузмановска.