Боки 13 останува во притвор, апелација ја одби неговата жалба

by Фокус

Апелацискиот суд ја одби како неоснована жалбата на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, со што го потврди првостепеното решение со кое тој останува во притвор.

„Апелацискиот суд по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот Б.Ј од изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е продолжена мерката притвор, против обвинетиот го потврди“, стои во соопштението до Апелација.

На јавна седница во Апелација одржана на 22 јануари, адвокатот на Јовановски рече дека обвинетиот се наоѓа во притвор шест месеци, период во кој е однесен на преглед 60 пати, што, според него, ја претвора мерката притвор во казна.

Поврзани новости