Македонија-Косово без публика, потврди Филипче

by fokus

Тоа што беше најавено пред само неколку дена, денеска доби своја официјална потврда.

Фудбалскиот натпревар Македонија-Косово ќе се игра без публика, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој додаде дека се забрануваат спортски натпревари во период од наредните 30 дена.

Билетите за овој меч пред извесно време беа распродадени, но со новата одлука на Владата, се менува целата ситуација и ФФМ претходно најави дека ќе ги врати парите на сите кои купиле карта.

Поврзани новости