Македонија ќе игра против Фарски Острови во баражот за СП 2025 во ракомет

by fokus

Во Келн попладнево се одржа ждрепката за плејофот за Светското првенство во 2025 година во ракомет. Противник на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Фарски Острови. Првиот натпревар ќе го играме на гостински терен.

Другите двојки се:

Финска/Литванија – Унгарија
Белгија/Италија – Црна Гора
Грција – Холандија
Романија – Чешка
Шпанија – Србија
Словенија – Швајцарија
Португалија – Босна и Херцеговина
Исланд – Естонија/Украина
Полска – Словачка/Изреал
Грузија – Австрија.

Од Европа, директен пласман на Светското идната година обезбедија ко-домаќините Хрватска, Данска и Норвешка, како и Франција, Шведска и Германија три од четирите најдобри на Европското првенство кое е во тек.

Плејоф-пресметките за пласман на Светското првенство 2025 се закажани за 8 и 12 мај оваа година.

Поврзани новости