Македонија ќе го ратификува Договорот од Париз за климатски промени

by fokus

Владата на седница на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање донела информација за ратификација на Договорот од Париз за климатски промени.

„Со овој чин, се потврди заложбата за приклучување кон светските напори за борба против климатските промени преку спроведување на активности за намалување на емисиите на стакленичките гасови со цел надминување на глобалните температури и обезбедување пониско ниво на јаглероден раст и развој.

Исто така, со идното ратификување на Договорот ќе може да се користи и меѓународна помош за поддршка на адаптацијата на најранливите сектори кон климатските промени (водни ресурси, земјоделие, шуми, биодиверзитет, културно наследство, туризам)“, пишува во соопштението од министерството.

Поврзани новости