Македонија и Србија го поделија дипломатскиот објект во Атина што припаѓаше на Југославија

by fokus

Генералниот секратар во српското МНР и претставник во Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, Вељко Одаловиќ изјави дека е завршена поделбата на објектот во Атина меѓу Србија и Северна Македонија.

– Објектот е поделен меѓу Србија и Северна Македонија, што претходно, од повеќе причини, не можеше да се направи, изјави Одаловиќ за Танјуг, објаснувајќи ги одлуките од неодамна завршениот состанок на Мешовититот комитет во Белград, пред десетина дена, кој, како што кажа, „се состана по седум години, носејќи повеќе конкретни одлуки.“

– На Србија и припаднаа објектите во Франкфурт, Женева и резиденциите во Хараре, Зимбабве, а завршена е поделбата на објектите во Анкара, меѓу Србија и БиХ, и во Атина со Северна Македонија, истакна Одаловиќ.

Тој оцени дека останува да се донесат уште некои одлуки како што е физичката поделба на четири големи комплекси кои не можат да бидат предмент на распределба, како што се Бразил, Адис Абеба, Њу Делхи и Москва.

Што се однесува до Москва, до крајот на годината претставниците на земјите-наследнички во руската престолнина, на лице место ќе разменат идеи за можните модалитети на поделбата на објектот. Одаловиќ вели дека Србија е заинтересирана, доколку земјиштето не се продава, објектот да и остане во сопственост, бидејќи има стратешки интерес за земјата, и тој ќе се компензира со другите сукцесори.

Поврзани новости