Пронајдени оружје и муниција кај жител на Тетово

by fokus

Полицијата вчера пронајде оруќје и муниција при претрес на дом и помошни простории на Р.Р. (63) од Тетово.

-Врз основа на судска наредба, вчера во 21 часот полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Андреја Стојановиќ“ кај лицето Р.Р.(63) од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка, 29 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, еден пиштол „глок“ со една рамка со шест куршуми, 25 куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 мм и седум куршуми пиштолска муниција „Магнум 357“, соопштуваат од прес-службата на МВР.

Од таму информираат дека Р.Р. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости