Македонија ги има новите еСпорт шампиони

by fokus

Тимот „Vilay eSports Academy“, годинава, ќе ја претставува Македонија на интернационалниот натпревар во CS:GO (Counter Strike: Global Offensive). Тие ќе бидат наши претставници и на Светското еСпорт првенство во Каошиунг, Тајван,кое ќе се одржи воноември и во организација на Интернационалната еСпорт Федерација (ИЕСФ).

Лигата за избор на нашите претставници траеше речиси 3 месеци и беше исцрпувачка за сите 24 пријавени тимови. Сите екипи поминаа долга квалификациска фаза, кадешто најуспешните 8 го минаа прагот и официјално, влегоа во потесна борба на Лига 1. Од нив, најдобрите четири тима или Vilay eSports Academy, LeveL, Atrox Gaming и Gem Team продолжија во втората, офлајн или лан фаза.

Офлајн фазата се одржа на 21 август 2018 година во интернет кафето „Zero Gaming“ во Тетово. Тимот наVilayостана непоразен, a низ дигиталниот нишан се „испробаа“ со тимовите Atrox и Gem Team.

Досега Македонија испратиласвои претставници на вкупно 9 светски и 2 европски првенства во еСпорт. Македонската еСпорт Федерација е формирана во 2009 година, следејќи ги глобалните трендови за развој на еспортот. Со полноправен статус на земја членка на ИЕСФ се здобива во 2013 година. Од нејзиниот почеток до денес, МЕСФ неуморно работи на промоција на еСпортот и подигнување на свеста за овој нов дигитален феномен кој може многу да значи, а воедно и има потенцијал, за нашата држава.

МеСФ постојано е во комуникација со надлежните органи во Македонија за официјализирањена еспортот по примерот на многу светски држави.

Поврзани новости