Утре ќе се прска против комарци, но истото може и да се одложи

by fokus

Градот Скопје известува дека третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 31.08.2018 година, додека четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 03.09.2018 година, односно:

 

 

  1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 31.08.2018 година (петок), во раните утрински часови.

 

  1. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 31.08.2018 година (петок), во текот на денот.

 

3.Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 03.09.2018 година (понеделник)  и ќе заврши најдоцна до 07.09.2018 година (петок).

 

 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

 

Поврзани новости