Мајмунски сипаници и во Бугарија, заразени двајца мажи

by Fokus

Во Бугарија се потврдени два случаи на заболени од мајмунски сипаници, соопшти прес-центарот на бугарското Министерството за здравство.

Заклучно со 23.06.2022 година, во земјава се потврдени два случаи на мајмунски сипаници. Пациентите се мажи на возраст од 41, односно 44 години.Двајцата се хоспитализирани во болниците во главниот град и се во добра општа состојба. Лабораториските примероци испратени од медицинските установи беа потврдени во Националниот центар за инфективни и паразитски болести со специфични ПЦР анализи, сооптија од таму.

Двајцата мажи се во добра состојба и во моментов нема други сомнителни примероци за тестирање.

Поврзани новости