Бевме цел на хибриден напад дома, можна е кривична постапка, вели Османи

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави денес дека  тој, други министри и политичките партии во државата кои требаше да ја бранат позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија биле цел на хибриден напад во земјата, при што навести можна истрага која, ако се покаже дали станувало збор за организирано сценарио за уривање на државната позиција, по што е можно  и кривично да одговараат.

-Имавме хибридни напади врз закани за министри и политички партии  со кои се обидуваше да се урне нашата државна стратегија  и државните позиции за спорот со Бугарија, кои може да се исчитаат во контекст на  кривични постапки. Некој се обидуваше да ја урне нашата позиција. Тие хибридни закани треба да се истражат, да се види  дали се дел од некои сценарија, бидејќи можно е некои да избрзаа од наивност, но некои учествуваа свесно и организирано, рече Османи, на првата прес конференција по враќањето од Брисел.

Поврзани новости