Мајка му го пријавила за исчезнат, тој тврдел дека се шетал со другарите

by Fokus

Откако 36-годишна гостиварчанка пријавила дека нејзиниот син е исчезнат, тој се вратил по десетина часа дома и тврдел дека се шетал со другарите, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена околу 23.00 часот, А.Д. (36) од Гостивар пријавила дека нејзиниот 10-годишен син се вратил дома и дека, според неговото кажување, се шетал со другари низ Гостивар и дека од никого не бил насилно задржан. Малолетникот, истиот ден околу 11.00 часот излегоl од домот и десетина часови потоа воопшто не се јавил каде се наоѓа, по што околу 21.20 часот неговата мајка А.Д. го пријавила случајот во Полициската станица Гостивар.

Поврзани новости