Магла на Стража, а слаб снег провејува на Попова Шапка

by irena 08:43
08:43

Поради појава на магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Стража, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Слаб снег, пак, провејува на Попова Шапка.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Умерен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини“, велат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што можат да се појават одрони.

Слични вести