Магла кај Тетово и Штип, видливоста намалена на 50-100 метри

by fokus

Поради магла намалена видливост од 50 – 100 метри има кај Тетово и Штип, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонијапат апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Поврзани новости