Триесет и четиригодишна битолчанка се отрула од плин во сопствената бања

by Fokus

Триесет и четиригодишна жена од Битола починала како последица од труење со плин. Нејзиното тело било пронајдено во бањата од нејзиниот стан.

И покрај обидите на екипата на итната помош, а потоа и на битолската болница да ја реанимираат, веќе било доцна.
Од МВР велат дека телото на битолчанката било пренесено во болницата без видливи траги на насилство.

По наредба на обвинител извршена е обдукција.

Поврзани новости