Лукаревска: СДСМ никого не остава сам во време на криза!

by Fokus

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Неготино порача дека нејзината партија работела за доброто на граѓаните во изминатиот период и дека се грижи за сите луѓе за време на криза.

„СДСМ се грижи за сите категории граѓани и за тоа во време на најголема светска економска криза преку два пакети мерки одвоивме над 750 милиони евра или пет отсто од БДП. Покрај поддршката за ранливите категории граѓани, за компаниите, обезбедивме и 52 милиони евра за дополнителна помош за земјоделците, затоа што во време на светска криза, важно е да имаме зголемено домашно земјоделско производство. СДСМ никого не остава сам во време на криза“, рече Лукаревска.

Поврзани новости