ЛП: Само ние јасно кажавме дека после изборите нема да коалицираме со ДПМНЕ

by fokus

Само Либералната партија јасно и прецизно кажа дека после изборите нема да коалицира со ниедно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, изјави носителот на листата на ЛП во ИЕ3, Данчо Марковски на вчерашната средба со граѓаните во Велес.

-Ние нема да обвинуваме туѓи чудни странски сили, нема да спомнуваме Букурешки договор, бивша Југославија, рамковен договор и така натаму. Затоа што животот има едно уникатно својство, а тоа е да тече само напред. Од тука потекнува и решението дека на овие избори треба да настапиме сами, без товар и превземање туѓа одговорност од коалициски партнери со нивните непринципиелни пристапи во овој значаен и клучен период од нашето живеење. Да нагласам, ова „реално“ и нема никаква допирна точка со „реалното“ на ВМРО-ДПМНЕ, рече Марковски.

 

Поврзани новости