Лога на латински и возврати на Дескоска: О tempora, o mores!

by Фокус

„Во темнина пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, а на светло држат предавања за правдата. О tempora, o mores!“

Со ваков пост на Фејсбук министерот за правда Кренар Лога одговори на објавата на професорката и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, која оцени дека Извештајот на Европската комисија за судството треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и во Судскиот совет, а не да се префрла одговорноста.

„Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е „сведителство” со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас“, напиша Дескоска.

Поврзани новости