Лога и Тунч во Анкара разговараа за екстрадиција на Палевски

by Fokus

Министерот Кренар Лога, кој е во посета на Турција, на средбата со турскиот колега Јилмаз Тунч, разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Како што информираат од министерството за правда, Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

„По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство“ се наведува во соопштението од Правда.

Поврзани новости