Лимани: Татко ми загина за Ахмети да може да се врати во својата родна земја

by fokus

Независниот кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Лимани во вечерашното гостување на телевизија Алсат зборуваше и за својот однос со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е и негов роднина.

-Мене ми е убиен таткото во опсада, јас сум осуден на 15 години, за да го донесам Ахмети и неговото семејство назад во неговата родна земја, за да живее со семејството. Секогаш сум го сакал и го почитувал и сега, но би требало совеста да ме праша каде се моите деца, децата на сите кои се жртвуваа за да го вратат Ахмети и многу други во родната земја. Ние таа војна ја водевме за права, за да живееме подобро, и тој напор и жрвтување го дадовме за да живееме подобро со нашите семејства. А, денеска ни се случува овој егзодус и живееме без нашите деца, рече Лимани.

Поврзани новости