Лидерската средба ќе се одржи во недела

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизија Алфа најави дека во недела ќе се одржи лидерската средба со  премиерот Зоран Заев и на неа ќе се зборува за три клучни прашања.

-Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме на три значајни прашања. Претседателските избори кои следат, како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски и ќе разговараме за СЈО и предлог законот за иднината на СЈО кој денес го добивме во работна верзија, рече Мицкоски.

Поврзани новости