Лидерската четворка утре одлучува за избори

by fokus 17:16
17:16

Лидерите на четирите најголеми политички партии, според договорот од Пржино, утре треба да седнат на маса и да проценат дали има услови за фер и демократски избори во декември.

Од СДСМ во изјава за Мета потврдуваат дека утре во 13 часот е договорена средба на Пржинската четворка.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека не знаат дали ќе има лидерска средба, но повторувааат дека според нив услови за избори имало уште од април.

Инаку, од Пржинскиот договор неисполнети останаа уште медиумските реформи. Партиите, се уште не го имаат избрано петтиот член од ад-хок телото за следење на медиумите во предизборното известување. Рокот за формирање на ова тело е веќе истечен, а власта и опозицијата се уште не можат да најдат консензус за петтиот член кој треба да биде Албанец.

Сепак, по денешното повлекување на Даут Даути од трката за последното место, се очекува ад-хок телото набрзо да биде комплетирано, откако кандитат остана само Сефер Тахири.

Од СДСМ го поздравија повлекувањето на Даути и порачаа дека веќе нема пречки за формирање на ад-хок телото.

Сега, преостанува лидерската четворка на утрешната средба да даде потврда за избори на 11 декември, по што ќе треба да се избере и новата преодна влада со опозициските министри.

Поврзани новости