ДИК: Избирачкиот список е прочистен

by fokus

Државната изборна комисија денеска соопшти дека завршил процесот на прочистување на Избирачкиот список и дека тој е конечен.

Во предвидениот рок од десет дена по усвојување на Извештајот со спорни гласачи, ДИК не поднела барање за дополнителна проверка за ниту едно од лицата кои се пријавиле во текот на увидот.

Според Извештајот за списокот со спорни гласачи, кој ДИК едногласно го усвои претходната недела, своето право на глас на јавниот повик не го докажале 30.467 лица од вкупно 39.502 лица  и тие ќе бидат избришани од Избирачкиот список.

За разлика од нив, речиси девет илјади граѓани, или 20 отсто од спорните гласачи,  ја пополниле електронската апликација, или, пак лично ги посетиле канцелариите на ДИК за да ги ги корегираат своите податоци.

Членовите на ДИК тогаш рекоа дека направиле се за да ги мотивираат гласачите да се пријават, но и се правдаа дека активната регистрација секаде е осудена на  мал одзив и дека тие сработиле се што се барало од нив.

Поврзани новости