Од први септември СЈО се сели во новите простории

by fokus

Специјалното јавно обвинителство по речиси една година од формирањето, од први септември ќе се пресели во нови простории, односно во старата зграда која порано ја користеше Агенцијата за млади и спорт. Просториите се реновирани и  приспособени за работата на СЈО и ќе ги задоволуваат сите стандарди, технички и безбедносни.

-Со цел задоволување на сите потребни стандарди за безбедност, беа направени соодветни адаптации на објектот во насока на задоволување на сите безбедносни стандарди, како за чување на материјалите со кои располага ова јавно обвинителство така и за заштита на лицата кои се сослушуваат, велат од СЈО.

Во новите простории специјалните јавни обвинители треба да започнат со работа од 1 септември, а целосното пренесување на материјалите треба да заврши до почетокот на идната недела.

Поврзани новости