Личен став на Милошоски е дека екс министерот Филипче ја носи политичката одговорност за скандалот на Онкологија

by Fokus

Членот на Анкетната комисија, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кажа дека негов личен став е дека политичката одговорност за скандалот на Онкологија е кај екс министерот Венко Филипче, бидејќи не вршел контрола на Клиниката, иако тоа му го налагале законските прописи.

Милошоски се повика на изјавите на екс директорот на Клиниката, Нино Васев кој пред комисијата тврдеше дека за состојбата редовно го информирал министерот Филипче.

Анкетната Комисија заврши со сослушување на над 60 сведоци предложени од политичките партии и во наредните 30 дена треба да ја анализираат собраната документација од надлежните институции и стенограмите од исказите на сослушаните сведоци.

Поврзани новости