Ленче Ристова: Ќе одговара секој што го прекршил законот!

by Фокус

Ние не сме насочени кон одредено лице или партија и не ја заштитуваме опозицијата, туку ние водиме истраги против одредени лица кои го прекршиле законот, вели специјалната јавна обвинителка Ленче Ристова во интервју за австрискиот весник „Куриер“.

-Секој, кој го прекршил законот треба да одговара, дури и ако тоа значи дека ќе го растресеме целиот политички систем – порачува Ристова.

Таа додава дека предвидените 18 месеци за завршување на обврските на СЈО нема да биде доволни и очекува парламентот да го продолжи тој рок.

-Само за да ги преслушаме 20.000 тонски записи, врз чија основа истражуваме, ќе ни треба една и пол година – истакнува обвинителката.

Поврзани новости