Ахмети: Ќе се исполнат условите за оддржување на избори

by Фокус
Кризата во земјата може да се реши само преку сеопфатни, веродостојни и демократски избори, па затоа проценката на крајот на август во врска со исполнувањето на условите за одржување на изборите ќе биде позитивна.
Ова во истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со Чарлс Купчан, главен советник за Европа на американскиот претседател Барак Обама.
Како што соопштија од ДУИ, двајцата соговорници заклучиле дека приоритетна задача на владата по изборите ќе биде системски реформи, меѓуетничките односи, економскиот развој и решавањето на отворените прашања.

Поврзани новости