Само 5.000 граѓани од спорните гласачи се пријавиле во ДИК

by Фокус

На 5 дена пред истекот на рокот за пријавување на спорни гласачи во Државната изборна Комисија, заклучно со денес, до 12:00 часот, се пријавиле вкупно 5.022 граѓани.

Од нив, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Комисијата.

Вкупно 39.502 лица се водат како спорни записи во Избирачкиот список, а можноста за пријавување истекува на 19 август.

Поврзани новости