Лекарската комора му ја одзема лиценцата на гинекологот Дамчевски на седум години

by Fokus

Второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на Македонија на седница одржана на 23.11.2017 година одлучуваше по жалбата од д-р Николче Дамчевски, специјалист по гинекологија и акушерство од Скопје против одлуката на Првостепениот судски совет при Судот на честа со која времено му се одзема лиценцата за работа во траење од седум години.

Членовите на Второстепениот совет ја разгледа жалбата и наводите во неа и донесоа одлука со која ја потврдија обжалената одлука која беше донесена во прв степен пред Судот на честа. Со неа д-р Николче Дамчевски е прогласен за виновен во постапка за случајот кога лекувал и спроведувал постапки на биолошко потпомогнато оплодување на пациентка, ја водел како бремена, иако таа не била. Во целиот период на т.н бременост докторот ја следел, ја информирал за напредокот на бременоста, ординирал терапија за одржување на бременоста се до наводниот термин за породување кога и соопштил дека воопшто не пости бременост. Со наведените дејства, како што оцени Судот на честа, докторот ги прекршил одредбите од Кодексот на медицинска деонтологија и му се изрече мерка времено одземање на лиценцата за работа во траење од 7 години – се наведува во соопштението на Лекарската Комора.

 

 

Поврзани новости