Директорот на штипската Клиничка болница се откажа од советничкиот мандат

by Fokus

Директорот на штипската Клиничка болница, а истовремено и носител на советничката листа на СДСМ, Ален Ѓеорѓиев денеска истакна дека се откажува од советничкиот мандат во Општина Штип.

Тој тврди дека изминатите денови од советниците од ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека тој седи на две столчиња и има судир на интереси со извршување на овие две функции.

– Мојот мандат е верификуван на 6 ноември 2017 година. Некој што сака да крши закони и да „седи на две столици“ не може три дена претходно самиот да бара мислење од антикорупциска комисија. Значи дијаметрално спротивни се ставовите дали јас имам судир на интереси или не. Единствена институција, која што може да го потврди тоа е државната Комисија за спречување на корупција – рече Ѓеорѓиев.

Поврзани новости