Таравари ги смени директорите на училиштата во Гостивар

by fokus

Шеснаесет образовни институции во Гостивар добија нови в.д. директори. Порпаролот на Општина Гостивар, денеска ги објави имињата на новопоставените директори кои ги назначил  градоначалникот, Арбен Таравари.

-Три институции ќе продолжат да ги раководат досегашните в.д. директори, а во повеќето училишта веќе се назначени нови в.д. директори. Како што знаете, градоначалникот Арбен Таравари посети неколку училишта и доби мислење од колективот, но фактот што неколку училишта не успеа да ги посети пред да назначи в.д. директори, не значи дека тие се запоставени – рече Демири.

Тој информираше дека сите вршители на должност директори, ќе бидат набљудувани и од општината, и од колективот, и од родителите, и од учениците и ако се утврди дека тие не успеваат да управуваат како што треба со институцијата, на нивно место ќе бидат назначени други вршители.

-В.д. директорите имаат шестмесечен мандат и сите оние кои чесно и успешно ќе ја поминат оваа фаза, ако конкурираат на редовниот конкурс и доколку ги исполнуваат условите, ќе бидат избрани за директори со четиригодишен мандат, следејќи ги законските процедури –  подвлече портпаролот на општина Гостивар.

Во продолжение на прес конференцијата, Демири ги прочита имињата на в.д. директорите во сите основни и средни училишта, нижото музичко училиште и во детската градинкаво Гостивар.

  1. ОУ Исмаил Ќемали – Шпреса Усеини
  2. ОУ Единство – Влера Фидани
  3. ОУ Гоце Делчев – Сашо Шарески
  4. ОУ Мустафа К. Ататурк – Октај Нуредин
  5. ОУ Чајла – с. Чајле Мевлуде Салиу
  6. ОУ Ѓон Бузуку – с. Србиново Ибиш Илјази
  7. ОУ Фаик КОница – с. Дебреше Саније Дурмиши
  8. ОУ Прпарими – с. Чегране Блерим Амети
  9. ОУ Лириа – с. Вруток Назлије Ислами
  10. ОУ Форина – с. Форино Зеќије Муслиу
  11. Музичко училиште Енвер Стафаи Бетиме Јакупи
  12. Детска градинка Наташа Саздоска
  13. Гимназија Дритон Имери
  14. Економско училиште Јованка Огњаноска
  15. Медициснко училиште Јетон Сулејмани
  16. Техничко училиште Гајур Изаири

 

 

Поврзани новости